Стружанецот Александар Ангеловски потшпиша нов договор и останува во Белфорт и наредната сезона. Тој е во Белфорт од 2014 година и наредната ќе му биде десеттата година во овој клуб.
Александар Ангеловски сезонава во досегашниот дел постигна 142 гола и сосема заслужено доби продолжување на договорот и за наредната сезона. Освен за Белфорт во нашата држава Ангеловски настапуваше за Струга, МРК Вардар, Куманово и Зомимак. Откако на 31 Март тој ја надмина бројката од 100 голови, на последните три меча постигна 35 гола и е лидер во тимот.