Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски е прогласен за играч на второто коло од романското првенство поради својата последна партија. Неверојатната партија против Рапид Букурешт и првиот трипл-дабл во кариерата на Андреј Магдевски не можеа да останат незабележани во оној статистички сегмент во најсилната лига на Романија.

Македонскиот репрезентативец е прогласен за играч на второто коло од романското првенство.Секако поради својата ол-раунд изведба, во која за за 30 минути на теренот во дуелот со Рапид од Букурешт, искусниот бек постигна 13 поени, 13 асистенции и 10 скока. Се заедно доволно за индекс 30.