Новиот македонски рекорд во скок во далечина гласи 7.60 метри. Дечкото кој не запира, Андреас Трајковски од АК Работнички доминира со нови рекорди.
Мината недела тој го постави новиот национален рекорд 7.41 метар во Лимасол, Кипар во скок во далечина. А вчера на Меѓународниот атлетски митинг во Александрија, Грција…тој уште во првата серија прескокна 7.60 метри со што го освои третото место и постави нов македонски рекорд.