Вицепрвакот Алкалоид ја отвори сезоната со победа. Во првото коло избраниците на Кире Лазаров беа подобри од градскиот ривал Скопје 2020 со 40:21 (полувреме 23:11) во дуел кој се одигра во салата „Автокоманда“
Најдобар стрелец кај Алкалоид беше новото странско засилување Арно Бинго со 6 гола, пред Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов, Дарио Кофиловски и Александар Петковски кои стрелаа по 5 пати. Кај Скопје се истакна Леонид Киселовски со 6 погодоци.