Алкалоид по освоениот трофеј во Купот на Македонија како и во Суперкупот вечерва нa стартот од Суперлигата во Автокоманда го надигра и Вардар 1961 со 33-30.
Најдобри стрелци кај Алкалоид беа Мартин Серафимов и Марко Митев со по осум гола, а ги следеше Никола Костески со шест гола. Кај “црвено-црните” најпрецизен беше Милан Лазаревски со шест гола.




