По победата над Феникс 2010 (95:75) екипата од Кисела Вода е веднаш до водечкиот двоец во првенството
Некои можеби заборавија, и го прогласија Феникс 2010 за изненадување на полусезоната. Навико Академија ФМп е екипата која ќе „презими“ на високото трето место на табелата. Веднаш зад двете најдобри екипи во шампионатот, Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром, кои утре вечер е се надигруваат која до нив е и најдобрата во овој момент.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ФЕНИКС 2010 95:75
Апсолутно заслужено, особено ако се земе в предвид дека дури петмина домашни кошаркари имаа барем десет и повеќе поени. Лидер, со 20 поени беше токму Стојановски, Ајви даде 15, исто толку и Двојаковски.На другата страна, кај Феникс 2010 добро работеше само „трилингот“ Морган-Џонс-Митревски.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО
Ангели – Куманово 2009 76:104
Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка 87:89
Гостивар – Еуро Никел 2005 79:79
ТФТ – Кожув 80:66
Навико Академија ФМП – Феникс 2010 95:75
ПОНЕДЕЛНИК:
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (МРТ)
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје