Денес започнува новата сезона во машката ракометна Суперлига во Македонија. Лигата ќе биде составена од 12 екипи. Во текот на денешниот ден ќе бидат одиграни пет натпревари, додека дуелот помеѓу Металург и Пролет е одложен.
Распоред и термини на натпреварите од Суперлигата кои се играат денес:
17:00 часот, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
18:00 часот, Вардар – Скопје
18:30 часот, Радовиш – Струга
18:30 часот, Охрид – Тиквеш
19:00 часот, Бутел Скопје – Прилеп



