После 3-месечната пауза, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862, во екот на подготовките за новата сезона, ќе го одиграат првиот контролен/подготвителен натпревар против шампионот на Европскиот првак – Србија, годинешниот учесник во Евро куп натпреварувањето, ЖКК Црвена Звезда. Ова ќе биде прва проверка на баделки за досега сработеното во подготвителниот период, во пресрет на скорешниот почеток на WABA лигата, Супер купот и домашното првенство.
Натпреварот ќе се одигра на 08.09.2021 година (Среда) во спортската сала Независна Македонија, со почеток во 18:30 часот.



