
Регуларниот дел од шестото овосезонско коло на Лиг 1 го затворија Болтон Вондерерс и Бартон Албион, кои се соочија по шести пат во историјата.
Имено, од сите нивни досегашни меѓусебни пресметки, денес беше остварено второто реми, откако резултатот гласеше 0-0.
После двојната шанса на Оин Дојл, Киран Ли ја затресе мрежата на Бартон во 29. минута, но голот беше поништен поради контроверзен офсајд.
Болтон продолжи да ја држи иницијативата и во вториот дел, кога најголемата шанса ја имаше Оладапо Афолајан со погодената статива во 64. минута.
Во 86. минута, за еден наивен старт, Џон Брејфорд доби втор жолт картон и го остави Бартон со десетмина на теренот.
Оттогаш, па сè до последниот судиски свиреж, играчите на Болтон направија вистинска канонада кон противничкиот голман, Бен Герет, која сепак не успеаја да ја крунисаат со погодок.
За Бартон, ова беше единаесетти поен во сезоната, доволен за третото место на табелата, додека Болтон е дванаесетти со девет освоени бодови.



