Денес во Струга по втор пат се одржа кајакарски маратон под мотото „Весламе за ретките“. Маратонот беше посветен во чест на лицата со ретки болести.

Настанот кој беше во организација и партнерство со струшкиот хотел „Боград“ и Спортскиот клуб „Соларис“, на кој учествуваа околу 30-тина кајакари меѓу кои и лица со ретки болести.



