
На 30 август 2019, Мајами Марлинс ги поразија Синсинати Редс со 4-3 после продолжение, но оттогаш наваму, претставниците на Флорида запишаа четири меѓусебни порази во низа.
Последниот од нив беше остварен синоќа, кога Редс славеа со 3-1 на домашниот ,,Грејт Американ Бол Парк”.
За Синсинати, сите три поени дојдоа после хоум-раните на Тајлер Наквин во првиот и во осмиот ининг и на Мајк Мустакас во петтата деветтина.
Од друга страна, за Марлинс поентираше само Џез Чисхолм, кој освои четири бази по ударот на Хесус Санчез во четвртиот период.
Од фрлачите на Редс, со осум страјк-аути, најдобар беше Владимир Гутиерез, додека за Марлинс блесна Сенди Алкантара, кој исфрли единаесет противнички удирачи.
На табелата на Националната лига, Синсинати (69-57) го држи петтото, а Мајами (51-74) – тринаесеттото место.



