
Заминувањето на Стив Купер и доведувањето на Расел Мартин на тренерската позиција на Свонси засега не ги оправдува фаворитските очекувања.
Имено, после првите три кола од новата Чемпионшип сезона, Велшаните имаат само едно реми и два порази.
Денес, на домашниот ,,Либерти Стадиум”, ,,Лебедите” беа поразени од Стоук Сити со резултат од 1-3.
Ник Пауел (15′) го отвори резултатот за гостите во првото полувреме, а во вториот дел, на 0-3 зголемија Сем Клукас (53′) и Лео Остигард (60′).
До крајот, поразот на домаќините го ублажи само Јоел Пиро (73′), кој го постигна дебитантскиот погодок во дресот на Свонси.
За разлика од Свонси, Стоук не знае за пораз во новата сезона и со седум освоени поени го дели првото место на табелата со Фулам.



