Агенција за млади и спорт организираше прием за нашите најдобри ракометни судии во финалето на ОИ во Токио, Ѓорѓи Начевски и Драги Николов.

Ова се наши величини во македонскиот и светски ракомет! Одлуката судат во финалниот натпревар на најголемиот спортски настан го докажува квалитетот и реномето кое го Начевски и Николов го имаат стекнато во светската ракометна судиска фела.
Наша заложба е што поскора измена на Законот за спорт, во кој освен спортистите кои со врвни меѓународни одличја остваруваат право на спортска пензија, оваа придобивка да ја имаат и спортските работници, како неоспорен дел од спортот! – изјави Наумче Мојсовски.



