
Во првото коло од турската Супер Лига, Галатасарај го совлада новајлијата Гиресунспор со очекувани 0-2.
Двата погодоци паднаа во првото полувреме, кога мрежата на Окан Кочук ја затресоа Мбаје Диање (31′) и Александру Кикалдау (45+2′ од пенал).
Во 40. минута, стрелецот на првиот гол промаши контроверзно досуден пенал, а при втората најстрога казна, Гиресун остана со играч помалку, откако Хусаметин Тут доби црвен картон.
Сепак, сите случувања на мечот беа засенети од една исклучително ретка и необична ситуација.
Имено, во 62. минута, стоперот на Галатасарај, Маркао Тешеира, агресивно се упати кон својот соиграч, Керем Актуркоглу и почна физичка пресметка со него.
Целиот настан беше прегледан во ВАР-собата, а судијата Еркан Оздамар го ,,награди” Бразилецот со директен црвен картон за неспортскиот потег.



