Македонската кошаркарска репрезентација откако денеска со 67-61 ја победи Швајцарија, обезбеди пласман во квалификациите за Светското првенство 2023. Најефикасен кај нас беше Адем Мекиќ со 16 поени, Бојан Трајковски постигна 15. Кај Швајцарија најдобар беше Казади со 15 поени.



