Сметам дека Металург во моментов е најдобрата опција за мене, затоа што е клуб што секогаш бил во врвот на македонскиот ракомет и кој во својата богата клубска историја има голем број успеси и достигнувања, како резултат на несебичната и посветена работа на тренерите и луѓето што го водат клубот, смета младата и талентирана пикерка која доаѓа од Струга Марија Петреска (18 год.) за Нова Македонија.



