
Дебитантот во Премиер лигата, кој последниот прволигашки меч го одигра во 1947, ја имаше привилегијата да ја отвори сезоната на домашен терен.
Имено, Брентфорд, на новиот ,,Брентфорд Комунити Стадиум”, во увертирата на ПЛ го совлада фаворизираниот Арсенал со 2-0.
Стрелци на двата погодоци беа Серџи Кањос (22′) и Кристијан Норгаард (73′), кои се запишаа во историјата на клубот од западен Лондон.
Избраниците на Томас Франк, во текот на цело второ полувреме, ги оставија своите ривали да ја контролираат играта што се покажа како полн погодок во отсуство на расните голгетери – Александр Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг.



