
Средбата, која го носи епитетот ,,меч на неделата”, доделен од МЛБ и која може да се проследи преку бесплатен стрим на ЈуТјуб, ја одиграа Минесота Твинс и Чикаго Вајт Сокс.
Истата заврши со минимална победа од 1-0 на домаќините од Минеаполис, кои триумфираа по вторпат во низа над синоќешниот ривал.
Единствениот поен на мечот беше дело на Хорхе Поланко, кој постигна хоум-ран во шестиот ининг и стигна до број од 21 поентирање во сезоната.
Солидна партија пружија и фрлачите на Твинс, од кои најмногу се истакна Бејли Обер со шест страјк-аути.
И покрај победата, Минесота (50-65) остана на тринаесеттото место, додека Вајт Сокс (67-48) ја заземаат третата позиција во Американската лига.



