
Марко Беѕеки ја оствари својата трета победа во Мото 2 категоријата, откако денес славеше на трката за големата награда на Штаерска.
Италијанецот, заедно со второпласираниот Арон Канет, беше дел од водечката група уште од самиот старт.
Освен Канет, во битката за врвот учествуваше и Реми Гарднер, кој излета на шест кругови до крајот и накрај мораше да се задоволи со четвртата позиција.
На најниското место на подиумот се пласираше Аугусто Фернандез, додека петтата позиција му припадна на Аи Огура.
Челестино Виети успеа да им направи услуга на Беѕеки и на Гарднер со тоа што се пласираше како шести, односно за едно место погоре од второпласираниот во генералниот пласман – Раул Фернандез.
Возачот од Тајланд, Сомкијат Чантра, беше осми, односно го постигна најдобриот резултат во својата кариера, а во првите десет се пласираа уште Чави Виерхе и Марсел Шротер.



