
Репрезентативката на Холандија, Сифан Хасан, докажа дека е убедливо најсестраната атлетичарка на ЛОИ 2020.
Освен златото на 5000 метри и бронзата на 1500 метри, Холанѓанката денес на своите гради го доби и златниот медал на 10000 метри.
Хасан ја истрча десеткилометарската дистанца за 29:55,32 минути и ги остави зад себе сите останати конкурентки.
На второто место се пласираше Бахреинката Калкидан Гезахегне (29:56,18), која воедно беше и единствена, освен новата шампионка, што истрча под триесет минути.
Летесенбет Гидеи го сочинуваше водечкото трио и со време од 30:01,72 го освои најниското место на подиумот.
Во продолжение, уште три атлетичарки заостануваа под една минута во однос на Хасан: Хелен Обири (30:24,27), Франсин Нијонсаба (30:41,93 – национален рекорд на Бурунди) и Ирине Чептаи (30:44,00).



