Турчинот Халил Озтурк (25 г., 190 см., 90 кг.) е осмото засилување на Металург за новата сезона. Озтурк игра на позиција среден, но и лев, бек и со Металург потпиша двегодишна соработка.
Озтурк доаѓа од екипата на актуелниот шампион на Турција, Спорт Тото (порано позната како Мили Пјанго) и за него Металург е прво интернационално искуство.
Озтурк потекнува од редовите на турскиот тим Нацинал лотарија, чиј член бил до својата 22. година. Во сезоната 2018/2019 беше дел од турскиот тим Гозтепе, а последните две сезони ги мина во редовите на Спор Тото, со кој годинава го освои турскиот шампионат. Зад себе Озтурк има 55 настапи за младинските селекции на Турција, со кои во 2013 година добил место во олстар-тимот на Балканското првенство, а на младинските Медитерански конфедерациски игри во Италија 2014 бил прогласен за најдобар централен бек во олстар-тимот.



