
Светскиот рекордер на 5000 метри, а воедно и олимпискиот вицешампион на 10000 метри, Џошуа Чептегај, го освои првото злато на ЛОИ 2020.
Атлетичарот од Уганда успешно ја оправда фаворитската улога и триумфираше на трката на пет километри со време од 12:58,15.
На втората позиција, со неверојатна завршница во последните 200 метри, се пласираше претставникот на Канада – Мохамед Ахмед (12:58,61).
До бронзениот медал и покрај падот на целната линија, стигна Американецот Пол Челимо (12:59,05), кој за само дванаесет стотинки го остави без медал Кениецот Николас Кипкорир Кимели.



