
Женската одбојкарска репрезентација на Србија избори пласман во полуфиналето на ЛОИ 2020 со победата од 3-0 над Италија во четврт-финалето.
Србинките имаа минимални проблеми само во првиот сет, кој го добија со 25-21, поради одличната безгрешна игра во завршницата.
Во втората партија, избраничките на Зоран Терзиќ издоминираа со 25-14, а резултатот од 25-21 стоеше на семафорот и после третиот одлучувачки сет.
Двете селекции се соочија по третпат на ЛОИ при што Србија по вторпат триумфираше со максимални 3-0.
Од победничкиот состав, убедливо најефикасна со 24 поени беше Тијана Бошковиќ, а двоцифрена беше и нејзината соиграчка – Милена Рашиќ (10).
На спротивната страна, Паола Егону постигна 16 поени, а како втора најефикасна одбојкарка се покажа Елена Пјетрини (7).
Во полуфиналето, Србија ќе мора да ја порази селекцијата на САД за да може да го одбрани среброто од Рио 2016, а воедно и да атакува на злато.



