Репрезентацијата на Египет предводена од поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо беше подобра од Германија со 31-26 во четвртфиналето на ракометниот турнир во рамки на Летните олимписки игри (ЛОИ).
Најдобри кај репрезентацијата на Египет беа Али Мохамед и Јахја Омар со по 5 постигнати голови. Во тимот на Германија најдобар беше Јулиус Куев со 6 гола.
Во полуфиналето на Олимписките игри кое ќе се игра на 5. август ќе играат Египет – Франција и Данска – Шпанија.



