
Синоќа, по вторпат во еден ден, Торонто Блу Џејс ги поразија Канзас Сити Ројалс, славејќи со 4-0.
За канадските претставници, ова беше четврта победа на последните пет средби, додека серијата од два меѓусебни триумфи на Ројалс беше прекината.
На последната пресметка, победниците забележаа по еден поен во првиот и во шестиот, односно два поени во третиот ининг.
Играч на мечот за Блу Џејс беше Џорџ Спрингер, кој постигна два хоум-рани.
Освен него, со по четири освоени бази поентираа уште Алехандро Кирк и Владимир Гереро Џуниор.
Несакано сценарио за Торонто спречи фрлачот Адам Симбер, кој им направи страјк-аут на последните четири удирачи на Канзас Сити.
И покрај победата, Блу Џејс (53-48) останаа на осмото место во Американската лига, додека Ројалс (45-58) ја држат дванаесеттата позиција.



