вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(Фото) Жикица, Игор и Никола не ја завршија својата мисија за ЗМТ!

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
јули 24, 2021
📁 Останато, Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Обидот за брзо минување на Западна Македонска Трансверзала на Жикица Ивановски и Игор Јовановски завршува во Маврово! Дечките се во добро здравје но со многу проблеми на стапалата поради росата која беше неизбежна на целата патека. Условите на ЗМТ 2021 дефинитивно може да се оценат како едни од најтешките досега, што поради влажноста на теренот, така и поради исклучително студеното и облачно време, особено во утринските часови.

Земајќи го предвид фактот што Трансверзалата во цел нејзин дел од Љуботен до Маврово нема ниту еден објект за засолнување и/или логистика и изобилува со тешки патеки (отсуство на патеки) во голем дел, со сигурност можеме да кажеме дека подвигот е вреден за споменување. Истотака, особено вредно за споменување е и соло обидот на Никола Илиевски од клубот I love hiking – group Macedonia кој тргна сам еден час пред Жикица и Игор и истотака успешно стигна до Маврово! Секоја чест Никола!

Брзинското минување на ЗМТ се уште останува нерешена загатка и со право го држи приматот на една од најголемите авантуристички предизвици на овие простори… До следните предизвици, останете во добро здравје и тренирајте за забава, рекреација или резултати! – стоеше во официјалното соопштение на TREX – Trail Running Extreme

По 24 часа брзинско одење, изминати 105 км и совладана висинска разлика од 5382 метри, соло обидот на нашиот член Никола Илиевски-Жика за брзо минување на Западна Македонска Трансверзала заврши во Маврово!Причина за донесената одлука е проблемот со стапалата поради влажната патека по која се движел во текот на ноќта и утрото, како и студеното време, проследено со магла. И покрај тоа што, ЗМТ не е во целост завршена, сепак овој подвиг е огромен успех, од причина што тешката патека започнувајќи од Љуботен, па се до Маврово пред се е логистички тешка и никаде нема можност за засолнување.

Исто така, огромно браво за Игор Ивановски и Жикица Ивановски од клубот TREX – Trail Running Extreme, кои после еден час тргнаа по истиот пат и од истата причина финишираа во Маврово.И како што велат од Трекс…Брзинското минување на ЗМТ се уште останува нерешена загатка и со право го држи приматот на една од најголемите авантуристички предизвици на овие простори… Дечки, секоја чест! Капа доле! Ова е успех!Искрено веруваме дека во блиска иднина повторно ќе се обидете за остварување на својот сон! – стоеше во официјалното соопштение на I love hiking – group Macedonia

ShareTweet
Претходна вест

Деркоски последен на квалификациите, но со личен рекорд!

Следна вест

(Фото) Нова тартан патека во Скопје, атлетиката во Македонија со подобри услови!

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

(Фото) Нова тартан патека во Скопје, атлетиката во Македонија со подобри услови!

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.