Женската кошаркарска репрезентација на Србија го освои златниот медал на Европското првенство, откако во финалето ја совлада Франција со 63-54. Американката со српски пасош, Ивон Андерсон, со 18 поени, беше најефикасна кај шампионот, Јелена Брукс даде 15 поени, а Соња Васиќ имаше 12 поени, 8 скока и шест асистенции.Кај Франција се истакна Вукосавлјевиќ со 15 поени.

Претходно во мечот за бронзениот медал Белгија беше подобра од Белорусија со 77-69.



