Босанскиот интернационалец Саша Пулјизовиќ е нов ракометар на Бутел Скопје, откако средниот бек го стави потписот на едногодишeн договор. Пулјизовиќ во Бутел доаѓа од босанскиот тим Борац Бања Лука каде што ја помина последната сезона. Тој има 32 години (192/93) и големо искуство од настапите низ многу европски клубови.
Средниот бек потекнува од босанскиот тим Дервента, а во регионот ги носеше дресовите на Градачац, Бјеловар и Металопластика. Беше дел од израелскиот Бнеи Херцлија, турскиот Кајсери, австрискиот Тирол, романската Сучеава, шведскиот Хелсинборг, од каде што направи трансфер во финскиот Кокс, со кој играше две сезони во Лигата на шампионите.



