
Климентина ‘Тина’ Дукоска е еден од нашите познати модели на друштвената мрежа Инстаграм со речиси 7000 следбеници.
Младата Тина, освен убавината, ја краси и исклучителен интелект, кој доаѓа до израз и преку двата завршени факултети.
Имено, македонската модна фигура има завршено факултет за дизајн, а од неодамна дипломираше дипломатија и политички науки. Исто така, во план ѝ е да магистрира надворешна политика во блиска иднина.
Убавината на Тина може да се види и во спотот со повеќе од 750 000 прегледи на Филип Пецовски, насловен ,,Хола Мами”.
Од неофицијални извори дознавме дека Дукоска планира проект со нашиот најдобар соколар – Трајче Китановски.
Екипата на ,,Јави се јужна” не го остави ова на случајност и веднаш го исконтактира Китановски за подетални информации.
,,Зачудувачки точна информација имате што искрено ме изненадува, знаејќи дека исклучително мал број на луѓе го знаат ова, од причина што никогаш пред да ми се случи проект не се истрчувам за да не изгледа сето тоа несериозно ако нешто се изјалови.” – низ смеа се огласи Китановски.
,,Морам, во случајов, да потврдам, не можам на вистината да одговорам со лага (хахха). Со Тина се дружиме интензивно долго време и на една средба на заемна ицинијатива се договоривме да направиме фотосесија со Хари, фотосесија што ќе се случи многу наскоро, а за деталите – ќе ги имате но по фотосесијата. Да оставиме нешто и да ги скокотка вашите читатели, само можам да ви откријам дека ќе биде досега нешто невидено, познавајќи ја Тина што може да даде на објективот, а и Хари, понесени од моите идеи и замисли. Ви ветувам дека ќе биде БУМ во јавноста.” – продолжи искусниот соколар.
Инаку, љубителите на оваа дејност можат лесно да ги пронајдат Китановски и неговиот јастреб Хари на следниот линк: https://www.facebook.com/Falconry-Macedonia-the-fantastic-duo-harryvanja-352212982613293/
https://instagram.com/my_hawk_harry?utm_medium=copy_link













