Популарната водителка Лила Филиповска после долго време повторно пропеа и сними дует со младиот пејач Филип Пешевски за песната „Тешко мене со тебе“. Филип Пешевски се јавува и како автор на музиката и текстот, а аранжманот е на Роберт Билбилов. Видео спотот е во режија на „Томато продукција”, а продуцент е Зоран Василевски – Зоки Фаци.



