Македонската ракометна легенда Аце Јоновски кој е главен тренер во Ратинген во Германија и помошник на селекторот Кире Лазаров имаше интервју за клубскиот сајт каде помеѓу другото се осврна и како зимата работно го поминал одморот во неговиот роден град Струга и во Битола:
Бидејќи не бевме во можност да тренираме во Ратинген, погледнав каде може да се обучам во странство. За време на зимските одмори бев во Македонија и присуствував на секој тренинг во мојот матичен клуб во Струга. Тренерот таму е мој добар пријател и се обидов малку да му помогнам на тимот. Потоа бев и во РК Еурофарм Пелистер, кој играше против СЦ Магдебург во осминафиналето од Купот на ЕХФ. Тренерот на Пелистер, Жељко Бабиќ е многу добар тренер од кого можев да научам многу. Јас сум сè уште млад тренер, така што секој совет е многу важен за мене.
Целото интервју може да го прочитате во продолжение:



