Христијан Милошески е нов ракометар на Прилеп. Прилепчанецот се врати дома и ќе биде првото засилување на Прилеп за новата сезона. Милошески доаѓа од екипата на Бутел Скопје и ќе ја засили левата бековска позиција во тимот на Прилеп. Прилеп претходно ги продолжи договорите со Шокоски и со Чантурија.



