
Феникс Санс го повторија учинокот од последното учество во плејофот во 2009/10, откако синоќа ги совладаа Денвер Нагетс со 118-125.
Имено, претставниците на Аризона на овој начин дојдоа до конференциското финале, елиминирајќи ги Нагетс со вкупни 4-0.
На синоќешната средба, Санс водеа во текот на цел натпревар, но нивната максимална предност достигна до +16.
Крис Пол со 37 кошеви и Девин Букер со 34 поени и со 11 скокови беа убедливо најсилните алки на победничкиот состав.
На спротивната страна, најефикасен со 25 поени беше Вил Бартон, а Никола Јокиќ забележа дабл-дабл учинок од 22 кошеви и од 11 скокови.
Новиот МВП на НБА лигата стигна до наведените цифри заклучно со третата четвртина, пред да биде исклучен поради фаулот над Камерон Пејн.



