Е па драги луѓе, ви ја претставувам мојата нова песна “КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА”. Песна за нови почетоци, песна за поубава иднина, песна за сите нас, весела, среќна, опуштена и по малку хумористична.Искрено се надевам дека наскоро сите заедно ќе дочекаме пак да се радуваме на свадби, родендени, забави и концерти, на сите убави моменти во животот. На здравје! “ порача Дарио во претставувањето на новата песна.
Дарио Панковски после подолга пауза се врати на музичката сцена со една весела песна „Кој чека ќе дочека“. Музиката и текстот се на самиот Дарио, аранжманот е од Кристијан Габроски додека за видеото е заслужен Ристе Шкортов.



