Охрид славеше минимално со 21-20 (полувреме 14-10) против Струга во најтажното езерско дерби посветено на трагично загинатиот голман на домаќините Никола Даниловски Џамбо. Охрид водеше во поголемиот дел од мечот со три до четири голови разлика. Струга притисна во финишот, но не успеа да стигне до реми.
Голманите Брауновиќ и Затаракоски имаа одличен настап за своите екипи во чест на својот колега. Брауновиќ забележа 14 одбрани, додека Затаракоски 12. Николов со 5, Соколов со 4 и Ивановски со 3 гола беа најпрецизни во таборот на Охрид, додека кај Струга по 4 погодоци имаа Крстановски, Јанкуловски и Цветановски.



