понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Бернал е новиот шампион: Етапен преглед на Џиро д’Италија 2021

Епов Насе ✏️ Епов Насе
мај 30, 2021
📁 Останато, Спорт
📸 Stuart Franklin/Getty Images

Во периодот од 8 до 30 мај, низ Апенинскиот Полуостров се одржа 104. издание на еден од трите велосипедски грен-слеми – Џиро д’Италија.

На него, до вкупната победа дојде шампионот од Тур д Франс во 2019, односно 24-годишниот Колумбиец – Еган Бернал.

Освен розевата маичка, Бернал освои две етапи и белиот дрес за најдобар млад возач.

Сепак, новиот шампион не беше единствен велосипедист со две етапни победи. Истиот учинок го имаа најдобриот хронометарски натпреварувач – Филипо Гана и спринтерот Кејлеб Уан.

Ова Џиро, со виолетовиот дрес за најмногу поени го заврши Петер Саган, додека најдобар планински велосипедист беше Џофри Бушар.

Поредокот на првите шестмина гласеше:

  1. Еган Бернал (86:17:28)
  2. Дамијано Карузо (+01:29)
  3. Сајмон Јејтс (+04:15)
  4. Александр Власов (+06:40)
  5. Даниел Мартинез (+07:24)
  6. Жоао Алмеида (+07:24)

Етапа 1:
Поединецот со најмногу триумфи на минатото издание на Џиро, Филипо Гана, уште еднаш ги покажа своите хронометарски способности.
Возачот на ,,Инеос” беше најбрз на првата етапа (хронометар од 8,6 км), а 1-2 победата за домашната селекција ја комплетираше Едоардо Афини (+0:10).

Етапа 2:
Пелотонот остана обединет сè до Новара, односно до самиот финиш на втората рунда.
Во завршниот спринт, Тим Мерлиер победи за првпат на Џиро д’Италија, а зад себе ги остави Џакомо Ницоло и Елија Вивијани.

Етапа 3:
Третата етапа донесе неочекуван победник, кој веднаш после своето херојско издание изјави:
,,Погледнав назад на еден километар пред целта и почнав да верувам дека можам да победам. Беше неверојатно. Пред пет месеци дури помислив и да се откажам од велосипдизмот бидејќи немав договор. Денес освоив етапа на Џиро д’Италија.”
Станува збор за 27-годишниот Холанѓанец Тако ван дер Хоорн, кој успешно се оддели од пелотонот и славеше со само четири секунди предност во однос на Давиде Чимолаи и на Петер Саган.

Етапа 4:
Џоу Домбровски, кој вози за ,,УАЕ Тим Емирејтс”, славеше на четвртата етапа и на тој начин ја оствари првата професионална победа надвор од САД.
Американецот, исто така, се искачи на второто место во генералниот пласман, веднаш зад Алесандро Де Марки.
Де Марки облече маица на престижните трки за првпат во долгогодишната кариера, а денес помина низ целта како второпласиран.

Етапа 5:
Поради претежно рамните предели, особено во завршницата, петтата етапа беше исклучително погодена за најдобрите спринтери, кои рамо до рамо се пресметаа во самиот финиш.
Од нив, по четврти пат на Џиро, најдобар беше Австралиецот Кејлеб Уан.
Претставникот на ,,Лото Судал” победи пред италијанскиот двоец од Џакомо Ницоло и од Елија Вивијани, а на четвртото место се пласираше Петер Саган.

Етапа 6:
Бегалците направија одлична работа на шестата етапа, а пред сè Матеј Мохорич, кој му овозможи на неговиот тимски колега од ,,Бахреин-Викториус”, Џино Медер, да дојде до првата престижна победа во кариерата.
Во продолжение следуваше група од четири возачи, кои се пласираа по следниот редослед: Еган Бернал, Даниел Мартин и Ремко Евенпоел.
Откако почна драстично да губи време на шеесет километри пред целта, Алесандро Де Марки ја загуби и розевата маичка, која му припадна на најдобриот млад возач – Атила Валтер.

Етапа 7:
Кејлеб Уан, победникот на петтата етапа, триумфираше и на седмата, отспринрувајќи неверојатни 270 завршни метри при кои, за 18 секунди, имаше просек од 1010 произведени вати.
Зад него, во првите петмина имаше дури тројца Италијанци, а конечниот распоред на топ 5 гласеше: Давиде Чимолаи, Тим Мерлиер, Матео Москети и Андреа Пасквалон.

Етапа 8:
На дебитантскиот настап на Џиро, Французинот Виктор Лафе (Кофидис) дојде до дебитантскиот триумф на гран-при трките.
25-годишниот велосипедист од Лион успешно му избега на пелотонот, а зад себе ги остави Франческо Гаваци (+0:36), Никијас Арндт (+0:37), Нелсон Оливеира (+0:41) и Џовани Карбони (+0:44).

Етапа 9:
Победникот на Тур д Франс во 2019, Еган Бернал, беше најбрз на деветтата етапа од 104. Џиро д’Италија и со тоа ја презеде розевата маичка од Атила Валтер.
Возачот на ,,Инеос” дојде до првата етапна победа на оваа трка, а зад себе, со по седум секунди заостаток, ги остави Џулио Чиконе и Александр Власов.

Етапа 10:
Еден од ретките активни велосипедисти со над сто победи, Петер Саган, беше најбрз на завршниот спринт и дојде до вториот триумф на Џиро во својата реномирана кариера.
Зад Словакот, кој исто така ја доби и сината маичка, на подиумот завршија Фернандо Гавирија и Давиде Чимола.

Ден за одмор

Етапа 11:
На дебитантскиот настап на еден престижен тур, 21-годишниот Мауро Шмид дојде до првата етапна победа во кариерата.
Младиот Швајцарец што вози за тимот на ,,Кубека Асос” беше во бегство на ридската етапа со Алесандро Кови, кој заврши на второто место (+0:01).

Етапа 12:
Напорната ридска дванаесетта етапа се сведи само на завршниот дуел во кој Андреа Вендраме го натспринта Крис Хамилтон и победи за првпат во кариерата на Џиро д’Италија.
Во битката за подиумот Џорџ Бенет беше побрз од Џанлука Брамбила, а возачите од петнаесеттопласираниот Винченцо Нибали натаму, заостануваа над десет минути.

Етапа 13:
Освојувачот на виолетовата маичка на Џиро во 2015 и во 2016, Џакомо Ницоло, славеше на една етапа за првпат во својата кариера.
Италијанецот беше најбрз на спринтот во финишот пред Едоардо Афини и пред Петер Саган.

Етапа 14:
На втората планинска етапа на овогодинешното Џиро д’Италија, Лоренцо Фортунато дојде до дебитантската победа на ова натпреварување.
Возачот на ,,Еоло-Комета” низ маглата го претекна Јан Тратник (+0:26), а третото место го освои Алесандро Кови (+0:59).

Етапа 15:
Кратката, но тешка планинска етапа, долга 147 километри, беше решена со завршниот дуел, во кој Виктор Кампенартс го порази Оскар Ризебеек.
За Белгиецот, ова беше дебитантска победа на еден тур, која ќе беше сè уште неосвоена доколку најблиските следбеници – Никијас Арндт, Симоне Консони, Кинтен Херманс, Дарио Каталдо и Бауке Молема – не доцнеа од 7-9 секунди.

Етапа 16:
Носителот на розевата маичка, Еган Бернал, само ја зголеми предноста во однос на сите конкуренти, откако беше најбрз на шеснаесеттата етапа.
На подиумот, со по 27 секунди заостаток, се пласираа Ромен Барде и Дамијано Карузо.
Во продолжение, останатите велосипедисти заостануваа повеќе од една минута.

Ден за одмор

Етапа 17:
Откако имаше победи на Вуелта и на Тур д Франс уште од 2013, Ирецот Даниел Мартин запиша триумф и на третиот велосипедски грен-слем.
Возачот на ,,Израел Старт-Ап Нејшн” го предводеше караванот после седумнаесеттата етапа, а подиум освоија уште Жоао Алмеида (+0:13) и Сајмон Јејтс (+0:30).
Во продолжение, сите останати велосипедисти заостануваа над осумдесет секунди.

Етапа 18:
Алберто Бетиол се покажа како најиздржлив на осумнаесеттата етапа и ги извоза соло последните шест километри за да дојде до првата победа на Џиро во својата кариера.
За Италијанецот, ова беше прв етапен триумф после 9 февруари 2020.
Неговиот сонародник, Симоне Консони (+0:17), го освои второто, а Ирецот Никола Рош (+0:17) – третото место.
Воедно, оваа етапа беше најбрза на Џиро 2021 со просечна брзина од 44,040 км/ч.

Етапа 19:
По четврти пат во својата кариера, до етапна победа на Џиро дојде Англичанецот Сајмон Јејтс.
На деветнаесеттиот натпреварувачки ден, возачот на ,,Тим Бајк Ексчејнџ” зад себе на подиумот ги остави Жоао Алмеида (+0:11) и првопласираниот во генералниот поредок – Еган Бернал (+0:28).

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Етапа 20:
На шеесет километри пред крајот, бегалците тргнаа во бегство што се покажа како одлична тактика на претпоследната планинска етапа.
Имено, до првата индивидуална победа на престижните трки стигна Италијанецот Дамијано Карузо, кој во последните два километри имаше неверојатна поддршка од домашните навивачи.
На второто место заврши Еган Бернал (+0:23), кој направи огромен чекор кон конечниот генерален триумф.

Етапа 21:
Последната етапа на 104. издание на Џиро д’Италија заврши во рацете на Филипо Гана, кој беше главен фаворит за победа поради своите исклучителни хронометарски способности.
Зад него, подиум освоија Реми Кавања (+0:12) и Едоардо Афини (+0:13), додека вкупниот поредок остана речиси непроменет.

Tags: БерналвелосипедизамЏиро д'Италија
ShareTweet
Претходна вест

ВО ЖИВО: Tиквеш – Работнички

Следна вест

Сребрена лига: Македонија лесно и со Кипар стигна до петтата победа

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Сребрена лига: Македонија лесно и со Кипар стигна до петтата победа

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.