Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски и неговиот Лудвигсхафен со 27-22 славеа против Балинген и дојдоа до многу важни бодови во борбата за опстанок во ракометната Бундеслига.
Мартин Томовски беше фантастичен со 17 одбрани од кои 4 беа седмерци и беше најзаслужен за победата на неговиот тим.



