
Сè со цел да ја избегнат десеттата последователна негативна сезона, Филаделфија Филис потрошија над 204 милиони долари за ангажирање на неколку засилувања.
На третина од сезоната, тимот од Пенсилванија се држи речиси во чекор со зацртаната цел, имајќи учинок од 25-26.
Последната победа, Филис ја остварија синоќа со резултат од 2-3 на гостувањето кај Мајами Марлинс.
Во четвртиот ининг, гостите поведоа со 0-2, откако хоум-ран постигна Рајс Хоскинс, а четири бази освои Одубел Херера.
До крајот на осмата деветтина, Мајами израмни на 2-2 со поените на Сенди Леон и на Хозе Деверс.
Сепак, во последниот период, како талисман за Филис се покажа гореспоменатиот Херера, кој, со своето второ поентирање на мечот, му донесе триумф на својот состав.
Непосредно по натпреварот, Филаделфија (25-26) го заземаше деветтото, а Мајами (24-26) – десеттото место во Националната лига.



