
Овосезонското осмина-финале на НБА го започнаа екипите на Милвоки Бакс и на Мајами Хит со својот прв дуел од меѓусебната серија.
Имено, со вкупни 1-0 поведе Милвоки, откако синоќа ги совлада ривалите од Флорида со 109-107 после продолжение.
На мечот, ниеден тим во ниеден момент не водеше со двоцифрена разлика, а Мајами избори дополнителни пет минути преку Џими Батлер во последните мигови од четвртата четвртина.
Во два наврати во продолжението, Бакс водеа со +3, а до крајната победа стигнаа со двојката на Крис Мидлтон во последната секунда.
Токму Американецот со 27 поени беше најефикасен кошаркар на паркетот, заедно со дабл-дабл учинокот на Јанис Антетокумбо (26 поени и 18 скокови) и на Џру Холидеј (20 поени и 11 скокови).
Кај Мајами, Горан Драгиќ беше најпрецизен со 25 кошеви, а гореспоменатиот Батлер запиша дабл-дабл од 17 кошеви и од 10 скокови.



