Виктор Гигов и неговиот ПАОК славеа против Филипос Верија со 34-26 во полуфиналето на грчкиот куп. Утре за титулата од 16 часот ќе се соочат со екипата на АЕК.
Гигов бранеше во првиот дел кога со неговите интервенции помогна ПАОК да се одлепи и да замине на пауза со 16-12. Во вториот дел на голот на ПАОК бранеше поранешниот голман на Еурофарм, Игор Арсиќ. Најдобар во нападот на ПАОК беше поранешниот играч на Металург Лука Стојановиќ со 7 гола и 6 асистенции.



