
Едно од најголемите дербија во светот на харлингот помеѓу Типерери и Корк се одигра во второто коло од Националната харлинг лига.
Накрај, двете екипи ремизираа со (0-22) 22-22 (2-16) што беше потполно реален резултат.
Како Типерери, така и Корк, одлично се носеа во текот на мечот и цело време ја зголемуваа неизвесноста на ,,Семпл Стадиум”.
Џејсон Форд, од редовите на домашниот состав, беше најефикасен поединец со учинок од единаесет поени (0-11).
На спротивната страна, поентерски најмногу придонесоа стрелците на двата голови, односно Патрик Хорган (1-6) и Тим О’Мони (1-1).
По победата на Ватерфорд во првото коло, Корк се наоѓа на лидерската позиција на Групата А од Првата дивизија на НХЛ.
Од друга страна, со второто реми во низа, Типерери го зазема третото место со ист број на бодови како второпласираниот Голвеј, кој има натпревар помалку.



