
Двата најквалитетни претставници на регионот Алстер, Тироун и Донегал, се соочија во првото коло од новата сезона на Националната фудбалска лига.
После огромна борба на ,,Хили Парк”, со конечниот триумф се закити Донегал, кој славеше со (0-16) 16-18 (0-18).
Во два наврати, по еднаш и во двете полувремиња, победничкиот состав имаше предност од три поени, но домаќините успеваа да се вратат резултатски, пред сè поради феноменалното деби на Пол Донахи.
Токму Донахи беше најефикасен фудбалер на теренот, заслужен за дури десет поени на својот состав.
Кај Донегал, Мајкл Марфи (0-6) и Патрик МекБрерти (0-4) беа поентерски најрасположени.
На табелата на Северната група од Првата дивизија на НФЛ, Донегал го зазема првото, а Тироун – последното место, но Армах и Монахан сè уште немаат го одиграно меѓусебниот дуел.



