Дејан Георгиевски кој се натпреварува во таеквондо ќе го носи Македонското знаме на Олимписките игри во Токио (Јапонија) кои се очекува да се одржат годинава од 23 јули до 8 август.
Дејан Георгиевски на квалификацискиот турнир во Софија (Бугарија) ја обезбеди А-олимписката норма, откако во големото финале со резултат 13:6 го совлада актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.



