Eурофарм Пелистер во второто полуфинале од Купот на Македонија стигна до лесна победа против Бутел со 23-38 и закажа финале против Вардар во сабота od 17:30 во салата во Автокоманда.
Кај битолчани се истакнаа Маџовски со 7, додека Мандалиниќ и Периќ дадоа по 6 гола. Во тимот на Бутел најдобар беше Младеновски со 4 погодоци.



