Maкедонките во ПАОК денес го освоија трофејот во Купот на Грција, откако славеа со резултат 26-24 против Верија во финалето. Марија Николиќ постигна 9 погодоци, Андреа Белеска даде 6 голови, додека Дајана Јовановска заврши со 3 голови. Тоа значи дека нашите девојки постигнаа 18 голови од вкупно 26 и се најзаслужни за титулата на ПАОК.



