Во меч од грчкиот шампионат ракометарите на ПАОК славеа над Филипос Верија со 29-25 (полувреме 13-13), со што и официјално го потврдија 1-то место во групата 2.
Повторно еден од најзаслужните беше македонскиот ветеран на голот на ПАОК Виктор Гигов. Со оваа победа тимот на ПАОК ќе биде еден од најсериозните кандидати за титулата во Грција на тимот на АЕК кој е прв во групата 1.




