
По осми пат на последните десет меѓусебни средби, Ст. Луис Кардиналс дојдоа до победа над Колорадо Рокис.
Имено, претставниците на Мисури синоќа славеа над ривалите од Денвер со резултат од 9-8.
Кардиналс водеа во текот на речиси цел натпревар, а најимпозантен беше петтиот ининг во кој и двете екипи постигнаа по четири поени.
Поентери за поразениот состав, со пи четири освоени бази, беа: Раимел Тапија (х2), Тревор Стори (х2), Чарли Блекмон, Герет Хемпсон, Конор Џоу и Алан Трехо.
Од противничкиот табор, хоум-ран постигна Пол Голдшмидт, а со трчање, освен него, поени донесоа Томи Едман, Дилан Карлсон (х3), Нолан Аренадо и Пол ДеЈонг.
Веднаш по натпреварот, на табелата на Националната лига, Кардиналс (20-14) го заземаа второто, а Рокис (12-21) – последното место.



