
Екипата на Питсбург Пенгуинс синоќа дојде со деветтиот триумф на последните единаесет средби, откако минимално со 1-0 славеше над Бафало Сабрес.
За двете екипи, ова беше последен меч во регуларната сезона, со тоа што Пенгуинс ќе продолжат да се натпреваруваат во плејофот, а Бафало ќе чека до наредната сезона за да се појави на ледената плоча.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше новото засилување од ЛА Кингс, Џеф Картер, кој стрелаше во втората минута од втората третина.
Голман на Питсбург на синоќешната пресметка беше Канаѓанецот Максим Лагас, кој со 29/29 одбранети шутеви дојде до шут-аут на своето деби во НХЛ.
На табелата на Источната дивизија, Пенгуинс се наоѓаат на првото место, додека Бафало остана на самото дно.



