Дејан Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако денеска триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија.
Георгиевски ја обезбеди олимписката норма, прва во историјата за македонското таекводно, славејќи во финалето со 13:6 актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.



