Во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство Македонија ја совлада Швајцарија со 29-28 (полувреме 16-16). Фантастичен на голот на Македонија беше Никола Митревски кој имаше 17 одбрани, а постигна и 1 погодок. Во нападот Филип Кузмановски и Кире Лазаров дадоа по 6 гола, а Гоце Георгиевски додаде 4 голови.



